Skip to content Skip to footer

Еквадорски рози кои траат до 2 години - симбол на трајна љубов

Love Corner e основан од двајца млади претприемачи со пасија за романитчни иновации, а нашата идеја се роди од желбата да го направиме дарувањето на подароци за вашите сакани што е можно поедноставно, без напор и без губење време во барањето на совршениот подарок.

Добредојдовте во Love Corner, каде што љубовта прераснува во прекрасни подароци!

Love Corner

 

Во Love Corner, ние сме специјализирани за изработка на прекрасни љубовни подароци со кои што на уникатен начин ќе ја изразите вашата љубов, почит и внимание.

Нашите претпознатливи подароци се карактеризираат со хармоничен спој на елегантни кутии, рози, вкусни чоколади и извонреден накит, прецизно креирани да ја изразат љубовта во нејзината најчиста форма.

Ги разбираме предизвиците за наоѓање совршен подарок за вашата сакана, поради што се посветивме на создавање беспрекорен и лесен начин за подарување.

Без разлика дали славите годишнина, изразувате искрена благодарност или едноставно се препуштате на романтичен гест, нашата разновидна палета на подароци гарантира дека има нешто специјално за секоја пригода.

0+
Уникатни Подароци
0+
Испорачани Подароци
0+
Рози
0+
Позитивни Искуства
Love corner

Дизајниран да предизвикува емоции

Секој подарок од Love Corner е дизајниран да предизвикува емоции, да ја разгори страста и да создаде незаборавно изненадување. Од прекрасни аранжмани на рози кои ја симболизираат вечната љубов до луксузни парчиња накит, нашите креации се изработени со прецизно внимание на деталите и посветеност на квалитетот.

Неодамна нарачав Lux Flower Box како подарок за мојата свршеница. Декорацијата беше совршена, а Love Corner беа исклучително брзи и услужливи. Ангела беше навистина изненадена кога го виде подарокот. Го препорачувам Love Corner на секој кој бара уникатен подарок

Иван М.

Скопје

За Св. Валентајн одлучив да ја израдувам саканата со кутија I Love U. Искуството со Love Corner беше одлично – веднаш одговорија ја моите барања, кутијата беше совршено изработена и брзо доставена на мојата адреса. Одлична соработка и услуга на високо ниво!

Стефан Р.

Битола

Размислував што да ѝ подарам на сопругата за нашата годишнина и одеднаш наидов на Lux Premium Box на Instagram. Нарачав без размислување, подарокот беше изработен совршено, а реакцијата на мојата сопруга е неопислива. Топла препорака за Love Corner

Филип С.

Струмица
This error message is only visible to WordPress admins

Error: No feed with the ID 1 found.

Please go to the Instagram Feed settings page to create a feed.