Skip to content Skip to footer

Еквадорски рози кои траат до 2 години - симбол на трајна љубов

Elementor #44324

Секоја роза носи приказна. Некои се подаруваат во момент на страст, други во знак на благодарност, а има и такви што остануваат засекогаш – како симбол на вечна љубов.
Во Love Corner веруваме дека вистинските чувства не може да избледат со текот на времето. Затоа ги создадовме розите што не венат, како совршен спој меѓу природата, елеганцијата и емоцијата.

Што претставуваат розите што не венеат?

Розите што не венат се вистински природни рози, кои се специјално изработени за да ја задржат својата свежина и боја до две години. Тие не се вештачки, ниту пластични – тоа се вистински цветови, преработени со природен процес кој го запира нивното брзо стареење.

Како се прават и колку траат?

Процесот е внимателен и прецизен: свежо набраните рози се оставаат две до три недели во смеса од природни масла и глицерин. Во овој период смесата постепено ја змаменува прирдоната влага на розата преку процес на осмоза.
Потоа, следува процесот на сушење кој што трае 48-72 часа и се одвива во просторија со контролирана темпаратура и влажност.
Завршниот дел е внимателно боење на розите со специјални бои кои што се направени од природни нетоксични пигменти.

Резултатот? Цвет што изгледа како штотуку набран, но останува ист до 24 месеци.
💡 Совет: Чувајте ја розата на суво место, далеку од директна сончева светлина и за најголема долготрајност.

Зошто се совршени за подарок

Розите што не венат не се само убав подарок – тие се емоционална порака.
Таа ќе ја чува во својот дом, на работната маса, и секој пат кога ќе ја погледне, ќе се сети на моментот кога си ѝ ја подарил.
Неколку предлози од нас:

·  Еквадорска роза во стакленo ѕвоно – симбол на вечна љубов.

·  Кутија со една роза и сребрено ланче – совршена комбинација на природна убавина и елеганција.

·  Кутија со повеќе рози и порака – идеална за годишнина или роденден.

Leave a comment